Бизнис
21. November 2019 - 16:48

ССМ бара 38 работни часа и 12 месеци породилно во новиот Закон за работни односи

Породилно отсуство од 12 месеци, времетраењето на договорите на определено да се ограничат на една година,  работна недела од 38 часа.

Ова се само дел од предлозите на ССМ кои сметаат дека треба да бидат вметнати во новиот закон  за работни односи  кој е во подготовка.  Од синдикатот тврдат дека  со новото законско решение нема да има простор за малверзации.

Сепак  работодавачите се против предлозите од сидникатот. Сметата дека тие не одговарааат на моменталната структура на стопанството. 

Проблемот во земјава не се малите права кои ги обезбедува законот туку лошата имплементација -непочитувањето на  од страна на некои работодавачи. Поголемо почитување не се обезбедува со зголемување на правата туку со реални закони  кои одговараат на стопанството , поголеми контроли. Во спротивно доаѓаме до ситуација да ставиме темна дамка на сите работодавачи и на целата индустрија што може негативно да се одрази врз  економија, вели  за Сител претседателот на организацијата Ангел Димитров.

Претставниците од европските синдикати со препорака до надлежните, странските компании да се обврзат да обезбедат исти услови за работа како во земјите од каде што доаѓаат.

Од владата пак тврдат прелдозите на синдикатот  ќе бидат ставени во законот за работни односи ако се постигне договор со работодавачите. 

Тонско- Мила Царовска – министерка за труд 

Новиот закон за работни односи се очекува да биде готово до крајот на годината.