Бизнис
20. January 2021 - 16:33

ССК бара едноставна процедура и брзо достапна помош од државата

Прецизни протоколи за работа во сите дејности, финансиска помош за најпогодените, исплата на минимална плата за зачувување на работните места, евтини кредити и нивна достапност за сите. Ова се само дел од 15те предлози кои бизнисот и ги испорача на власта и побара имплементирање на истите, а не само усвојување и донесување. Несфатливо е, велат, и по една година, за фирмите кои имаат 100% пад на приходите, Владата да не изготви упатства за работа.

- Она што го знаеме до овој момент од медиумите е дека се подготвува некаков драфт, а како и кога ќе ги вклучат овие предлози од деловната заедница не знаеме, истакна Арсовска и додаде дека е клучно, независно за каква помош и да се работи, таа да биде едноставна, лесно и брзо достапна и да се даде веднаш.

Досегашните пакет мерки ги оценија како скромни – од 5 пакет очекуваат повеќе. Бараат континуитет  и вклученост на бизнисот при креирање. До сега, средба со нив не е закажана, а за дел од усвоените мерки дознале преку медиумите.

Од владата пак велат – во консултации сме со бизнисот. Пакетот се подготвува – ќе биде вреден 50 милиони евра и уште 35 милиони кредит од Светска банка. Ќе се бараат дополнителни 100 милиони евра евтини кредити за компаниите

5 пакет мерки ќе биде објавен последната недела од овој месец или почетокот на февруари.