Македонија
26. February 2017 - 18:25

Српските медиуми гневни: Заев поради власт сака Србите да ги прогласи за геноциден народ

„Заев бара Србија да биде обвинета за наводен геноцид над Албанците во Македонија!“, „Заев поради власт сака Србите да ги прогласи за геноциден народ“, „Албанците со услови до Заев- да ја обвини Србија за геноцид“… Ова се само дел од насловите во српските медиуми, кои пишуваат дека коалицискиот договор меѓу СДСМ и ДУИ предвидува да се прогласи геноцид над Албанците во Македонија, кои наводно го спровеле Србите меѓу двете светски војни.

„Информер“ пишува дека Заев тоа им го соопштил на членовите на својата партија на седницата на Главниот одбор на СДСМ, претставувајќи го тоа како дел од коалициониот договор со ДУИ за состав на новата македонска влада.

informer

-На оваа срамна одлука на Заев се спротивставиле повеќе членови од Главниот одбор, а тој се обидел да ги смири со зборовите дека тоа не е толку опасно за Македонија, бидејќи сета вина паѓа на Србија и српската Влада, која во тоа време владеела во поранешната Вардарска Македонија, пишува „Информер.рс“.

zaev-b92

-Лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев го известил Централниот одбор на апртијата за коалиционен договор со албанската партија ДУИ. Тој договор, помеѓу другото, предвидува одлука со која Србија би се третирала за наводен геноцид над Албанците во Македонија помеѓу двете светски војни, пишува Б92.

Блиц.рс пишува „СРАМНА УЦЕНА: Обвинете ги Србите за геноцид над Албанците, или ништо од Влада“.

blic

Информацијата ја пренесува и РТС со наслов „Ахмети бара од Заев да ја обвини Србија за геноцид над Албанците“.

rts

Интерес пројавија и црногорските медиуми, па така, информативниот портал „Принцип“ пишува дека Заев поради власт сака Србите да ги прогласи за геноциден народ.

princip

vesti

telegraf