Македонија
30. September 2020 - 11:04

Средовечна кавадарчанка измамена од помлада жена која и одзела златни предмети

Во Полициската станица Кавадарци вчера  околу 15 часот С.М.(54) од Кавадарци пријавила дека во нејзиниот дом била измамена од С.К.(35), која и побарала златни предмети за да и направи услуга, по што заминала и не се вратила.

За ова денеска информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес, кој посочи дека се работи на расчистување на случајот.