Loading Video...
Кошарка
4. August 2021 - 15:58

Србинките закажаа полуфинале со Американките

Супер полуфинален дуел не очекува на женскиот кошаркарски турнир. Актуелните олимписки првенки Американките кои во четврфиналето убедливо ја победија Австралија, за влез во финалето за противник ќе ги имаат актуелните европски шампионки Срибките.
 
Тие пак во четвртфиналето во интересен дуел славеа победа над Кина со седум поени разлика.
 
Во најнеисвесниот меч домашната селекција на Јапонија ја победија Белгија со 86-85 и во полуфиналето закажано за во петок за противник ќе ја имаат селекцијата на Франција која беше подобра од Шпанија. 
 
1/4.финале среда 04.08
Австралија – САД  55-79
Кина – Србија        70-77  
Јапонија – Белгија 86-85
Шпанија – Франција  64-67
 
1/2.финале петок (06.08) 
06.40  СРБИЈА – САД
13.00  ФРАНЦИЈА- ЈАПОНИЈА
 
 3.место  сабота  07.08
09.00 ______ - ______
 
Финале недела  08.08
04.30 ______ - ______