Loading Video...
Балкан
30. March 2020 - 14:49

Србија со пет, Словенија со три милијарди евра ќе ја спасуваат домашната економија

Секој фризер, чевлар, пекар, секоја мала и средна фирма во Србија наредните 3 месеци ќе добива минимална плата од државата. Ова го најави претседателот Александар Вучиќ – а Владата се очекува да ги усвои мерките на утрешната седница. Фризерот сега не може да заработува, но ќе има да исплати минималец за себе и за своите вработени. На овој начин сакаме да им помогнеме на сите микро и мали фирми да преживеат, но на оваа помош може да сметаат само тие кои нема да отпуштат повеќе од 10% од вработените, изјави Вучиќ. Според него, Србија има пари повеќе од останатите земји, а се размислува и на секој полнолетен граѓанин да му доделат по 100 евра.

Пакетот помош за спас на економија ќе ја чини Србија 5 милијарди евра, а пари покрај со домашно задолжување, ќе бараат и од надвор. Пакет вреден 3 милијарди евра веќе усвои словенечката влада. 2 милијарди се сопствени средства, а милијарда од Европската Централна банка.  По 2 дена преговарање, Словенија го донесе т.н Мега корона закон, каде секој граѓанин и секоја фирма  ќе добие државна помош.

Сите самовработени, кои поради епидемијата не можат да остварат приход , ќе добијат 700 евра и платени придонеси, сите редовни студенти по 150 евра, семејствата со 3 деца по 100 евра, со над 3 деца - 200 евра. И пензионерите ќе добијат  помош, во зависност од висината на пензијата и тоа од  130 до 300 евра.

На сите комапнии, кои поради кризата, ќе ги испрати вработените на принуден одмор,  државата ќе им  плати придонеси. Вработените изложени на опаснот од корона висрусот ќе добијат зголемување на платите  од 10 до 200 отсто, најави словенечкиот премиер Јанша.

За надминување на неликвидноста за земјите од Западен Балкан, Европската Комсија ќе додели итна помош вредна 38 милиони евра. Од овие пари Македонија и Албанија ќе добијат само по 4 милиони евра. Најмногу пари и се доделени на Србија - 15 милиони. Нашата земја ќе има на располагање и  дополнителни 62 милиони евра од ИПА фондовите, пари кои ќе се пренасочат за ублажување на последиците од корона кризата.