Loading Video...
Балкан
9. July 2020 - 12:44

Србија пред одлука дали ќе има полициски час

Слики на насилство вчера во Белград но и во други српски градови. На протестите против најавениот полициски час се приклучија и лидерите на опозицијата. Повредени се десетици полицајци и демонстранти а има и уапсени. Меѓу повредените е и опозиционерот Сергеј Трифуновиќ кој беше удрен од припадниците на ултра десничарските движења. 

Претседателот Вучиќ кој отпатува во Париз на состанок со Макрон им порача на граѓаните дека државата ќе го заштити мирот.

Протестите освен во главниот град ескалираа и во Нови Сад и во Крагујевац каде нападната е и полициска станица.

Министерот за внатрешни работи Стефановиќ соопшти дека се проверува дали се работи за сценарио зад кое стојат странски фактори, можност која вчера ја најави српскиот претседател.

Во меѓувреме се чека на одлуката на Кризниот штаб дали ќе се  воведе полициски час поради корона кризата.

Епидемиологот Кон веќе порача дека меѓу новите рестриктивни мерки сигурно ќе биде и забрана за јавни собирања.

Нови мерки вчера најави и претседателот Вучиќ, но не и воведување на полициски час.