Балкан
28. September 2022 - 16:32

Србија под меѓународен притисок по договорот потпишан со руското МНР

Српскиот престедател Вучиќ денеска посочи дека притисоци врз неговата Влада има, но дека тој не се бори ниту за Бајден ниту за Путин, туку за Србија, индиректно одговарајки на западните притисоци во врска со договорот потпишан меѓу министрите за надворешни работи на Русија и Србија, Лавров и Селаковиќ, во ОН. Брисел претходно остро ја осуди соработката меѓу двата министерства во услови кога целиот блок ја санкционира Русија.

Договорот што во Њујорк  го потпишаа Селаковиќ и Лавров е објавен откако американците остро реагираа барајки да бидат запознати со неговата содржина. Документот околу кој се крена голема прашина всушност е план на идните консултации меѓу двете министерства. Според она што е објавено во медиумите, во текстот нема ништо поврзано со безбедносната ситуација, агресијата на Русија врз Украина ниту за спорниот центар српско руски хуманитарен кризен центар во Ниш. Американскиот амабасадор Хил лично побара да го добие на увид, на што веднаш реагираше руската амбасада во Белград,

-Шокирани сме од непримерните изјави на американскиот амбасадор во Србија Кристофер Хил за српско –руските односи. Овојпат тој се надмина себеси, безобразно барајки, како да има некое право, објаснување од властите на земјата домаќин за потпишување на договорот меѓу министрите за надвореши работи на Србија и Русија.

Тажно е да се гледа колку ниско паднала американската дипломатија. На суверени држави им наметнува став за единство во русофобијата наспроти принципите на меѓународното право, амбасада на Русија во Белград.

На потпишаниот договор реагираше и Приштина.

“Во овие клучни моменти за Европа ваквите двојни политики не смеат да бидат дозоволени” , се вели во реакцијата од кабинетот на косовската престедателка Вјосе Османи.