Србија и Македонија во петок во Скопје ќе го решаваат проблемот со брашното
Србија и Македонија во петок во Скопје ќе одржат состанок за надминување на проблемот со извозот на српското брашно во Македонија.
Како што изјави српскиот вицепремиер и министер за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ, тој утринава од македонскиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски ја добил информацијата за измена на Правилникот.
- Во петок во Скопје закажавме состанок и се надевам дека ќе успееме да изнајдеме некакво решение, кое, пред се, ќе биде во интерес на стопанствениците од двете земји и нема да ја загрози надворешната трговија и во еден и во друг правец, ниту ќе не натера да преземеме какви било контрамерки, изјави Љајиќ.
Србија, додаде, го избегнува преземањето такви мерки, бидејќи знае дека се на штета, пред се, на стопанствениците и на нашите севкупни економски односи.
Двајцата министри, вчера, телефонски разговарале за начинот како да се реши проблемот на отежнатиот извоз на брашно од Србија на македонскиот пазар, откако „Владата во Скопје ги смени процедурата за увоз и методот на издавање контролни марки“, информира Кабинет на Љајиќ.
Министрите Љаиќ и Николовски во разговорот се согласиле дека е неопходно овој проблем да се реши, при што Љаиќ изразил надеж дека проблемот ќе биде решен до крајот на оваа недела. Според нив, во интерес на стопанствата на двете земји, е протокот на стоки, луѓе и услуги да се одвива непречено. Министрите се согласиле и дека воведувањето какви било нетарифни бариери, мерки и контрамерки ќе има штетно влијание врз размената на стоки која во континуитет расте.
Во саботата, деловната асоцијација на индустриски мелници, пекари и производители на тестенини „Житоунија“ од Нови Сад ги обвини македонските власти дека со неодамна воведените мерки придонеле увозот на брашно од Србија да биде „речиси неисплатлив“. Ова здружение поднесе иницијатива до министерот Љајиќ „на Македонија веднаш да и се воведат реципроцитетни мерки за одредени производи од особено значење за македонската страна“.
За српските производители, Македонија преставува трет извозен пазар, каде годишно се пласираат 30.000 до 40.000 тони брашно.
Спорот околу извозот на српското брашно во Македонија досега се појавуваше во септември секоја година, но преку преговори на надлежните министерства се постигнуваше договор.
Ново на Сител
-
Малолетник од Скопје со нож се заканувал на соученици
-
Прегазен пешак во Битола, итно пренесен на Клиника
-
Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје
-
До април 2025 година ќе почнат градежните работи за третата фаза за Старата скопска чаршија, најави Меџити
-
Меџити за инцидентите на Денот на албанското знаме: Ќе одговараат сите кои го прекршиле законот
-
Македонец за 3,000 евра месечно отишол да се бори за руската војска во Украина
-
Пуштено во употреба метрото во Солун
-
Уапсени велешани со еден килограм кокаин | ФОТО