Македонија
6. December 2019 - 16:42

Србија и Црна Гора негативно гледаат на францускиот „Нонпејпр“

Србија и Црна Гора неподготвени ја дочекаа новата француска методологија. И додека нивните владисе обидуваат да дефинираат став,  , експерите велат дека се работи за исклучително неповолен предлог,  кој може преговарачкиот процес да го направи бесконечен.

Црна Гора веке има отворено 32 поглавја. Таму се надеваат дека новиот предлог за проширување нема да важи за нив, но свесни се дека Макрон не сака брза интеграција на земјите од регионот.

Престедателот Пендаровски денеска од Берлин им порача на европските партнери дека не смеат да ги изостават Западниот Балкан. Тој го повтрои ставот дека Македонија не е против нова методологија за проширувањето, ниту  е против реверзибилност . Според него Србија и Црна Гора предолго преговараат, а Македонија и АЛбанија предолго чекаат на датум.