Бизнис
21. February 2020 - 17:59

Според ДЗС просечната плата во декември изнесувала 26.800 денари, синдикатите тврдат дека растот не е реален

Заблуда или реални бројки? Државниот завод за статистика објави дека во декември просечната плата во земјава стигнала до 26.800 денари. Раст е забележан во сите сектори. А меѓу оние каде растот е двоцифрен е градежништовото. Таму платите споредено со декемрви 2018 е зголемета за речиси 12%. Но за синдикатот на градежници, статистичките податоци доведуваат до заблуда. Платата во овој сектор е далеку од 25.000 – те денари кои ги пресметале статистичарите.

Владејачката парите денеска со соопштение извести дека заради згоелемната минимална плата на 14.500 и субвенциите за зголемување на платите во приватнот сектор, платите растат најброз досега. Најавуваат дека ќе продолжат со мерки за просекот да стигне до ветените 500 евра.

„Просечната плата во земјата од 2017 година бележи континуиран нагорен тренд во изминатите две години и се зголеми за речиси 3000 денари од 22.808 денари во јуни 2017 на досега највисоките 26.836 денари во декември 2019 година. Просечната плата прв пат се искачи над 26.000 денари, благодарение на економските политики на СДСМ, инвестирањето во човечкиот капитал и вратената доверба во економијата“.

Од опозициската ВМРО ДПМНЕ пак велат дека граѓаните не живеат, туку преживуваат.

„Нема 500 евра плата и нема реален раст на платите. Единствено што успеа СДСМ е да ги покачи давачките и трошоците за живот на граѓаните.Стандардот на државата на чело со СДСМ  е еден од најниските во регионот и Европа, а според последните истражувања Македонија е најсиромашна држава во Европа. Над 500.000 граѓани живеат на работ на сиромаштијата додека секој трет во државата има проблем да обезбеди основна егзистенција“.

Според статистика, највисока нето плата во земјава имаат информатичарите, просечни 68.000 денари, најслабо платени се кожарците со нешто над 16.000 денари.