Македонија
14. November 2019 - 19:27

СПМ одбележа 150 години од раѓањето и 90 години од смртта на социјалистот Васил Главинов

По повод 150 години од раѓањето и 90 години од смртта на македонскиот деец Васил Главинов  истакнати македонски историчари говореа за животот и делото на првиот пропагатор на социјалистичките идеи. Трибината ја организираше Социјалистичката партија на Македонија, а пред присутните , се обрати првиот човек на партијата, кој порача дека треба да се негуваат и афирмираат револуционерните традиции на македонските борци.

Порача дека проблемите треба сами да си ги решаваме, а државата треба да ја водат најспособните луѓе.

Излагачите изнесоа нови моменти од дејствувањето на Главинов во политиката и меѓу масите. Говореа за неговиот живот и дело, како и идејата за независна и единствена македонска држава.

 Излагањата на историчарите ќе бидат објавени во посебен зборник.

Пред почетокот на трибината дегелацијата на СПМ положи свежо цвеќе пред споменикот на Главинов, пред седиштето на партијата.