Македонија
24. September 2020 - 13:46

Спасовски за казните на Заев, Филипче и Николовски: Пораката е испратена

Министерот за внатрешни работи рече дека пораката е испратена преку казнувањето на премиерот и двајцата министри, Зоран Заев, Венко Филипче и Љупчо Николовски за неносење заштитна кацига. 

Вели дека тој што сторил прекршок но и одговорност, а во овој случај тоа се владините претставници. Во однос на различните датуми на записниците, рече дека тоа не е толку важно. 

-Веројатно поради детекцијата, така како што ги правеле во Секторот за внатрешни работи на основа на тоа и датумите ги имаат направено како записници. Тоа воопшто не е важно, рече Спасовски. 

Во однос на висината на казната, според Спасовски, важно е дека институциите си ја завршуваат работата. 

Спасовски вели дека Министерството за внатрешни работи се изјаснило оти сите закони кои треба да бидат усогласени со Законот за прекршоци, а не се донесоа поради распуштањето на Собранието пред изборите, ќе останат исти.

-МВР се изјасни дека остануваме на тие законски решенија. Јас очекувам дека Собранието ќе ги стави на дневен ред за скоро време и ќе бидат сите донесени, рече Спасовски. 

Овие Закони треба да и помогнат на полицијата во полесно наплаќање на казните кои се пошуваат за неносење заштитни маски во јавност.

 

Даниел Василев