Македонија
27. August 2016 - 19:56

Спасовски во посета на Урвич и Јеловјане

Генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски денеска ги посети населените места Урвич и Јеловјане од каде порача дека треба да се направи патниот правец што ги поврзува овие население места, да се рехабилитира целата патна инфраструктура,  да се подобри здравствената заштита и да се зголеми безбедноста на граѓаните.

Посочувајќи дека овие жителите од овие населени места се соочуваат со проблеми рече дека врвен приоритет за идната влада на СДСМ, да вложува во населените места се со цел што повеќе граѓани да останат овде да ја градат сопствената иднина и пред се и над се да се зголеми безбедноста на граѓаните.

- Преку зголемување на безбедноста на граѓаните да им се гарантира заштита на имотот, заштита на животот на овие луѓе во населените места и на тој начин да придонесеме граѓаните од овие две села да останат овде ја градат сопствената иднина и помогнат на Р.Македонија заеднички да ја градиме како подобра, попросперитетна и подемократска држава, изјави Спасовски.

Тој додаде дека како и во другите делови во земјава и тука најголем дел од луѓето ги напуштаат своите места поради тоа што не гледаат перспектива и затоа што немаат услови за егзистенција.

Според него како клучен проблем во овие села е безбедноста каде граѓаните се пожалија на премногу кражби и насилство.