Македонија
18. February 2020 - 16:31

Спасовски доби поддршка за почеток на преговори и од претседателот на европарламентот

Престедателот на Евроскиот парламент високо го оцени реформскиот процес во земјава , особено донесувањето на законот за ЈО. Сасоли порача дека тоа е позитивен знак пред европскиот совет во март.

На средбата ссо техничкиот премиер Спасовски во Брисел  тој се осврна и на очекувањата кои ЕУ ги има од изборниот процес во земјава. ,

Од особена важност сега  е сите политички партии да останат  единствени во посветеноста на фундаментите на евроинтегративниот процес , дури и во изборниот период,порача на твитер Сасоли по средбата со Оливер Спасовски.

На состанокот  првиот европарламентарец посочил дека успешните реформи и новата методологија се важни чекори кон скорешно отпочнување на преговорите за членство.  Сасоли  воедно лично  се обврза  дека Европскиот парламент ке даде свој придонес за поддршка на Западен Балкан на самитот во Загреб.  Изминативе денови нашата делегација  изминативе денови во Брисел  доби поддршка за почеток на преговорите и од  од претседателката на ЕК Урсула вон дер Лајан и еврокомесарот за проширување Вархељи. Тој деенска на брифингот во европскиот политички центар порача дека доколку земјите членки на западниот балкан сакаат да станат дел од европското семејство ке мора целосно да ја сузбијат корупцијата. Тој изрази увереност дека Македонија и Албанија се способни да ги спроведат реформите и да ги започнат прегворите.

За состојбите во регионот  во неделата било разговарано и на неформалната средба  со престедателот на Европскиот Совет Шарл Мишел на која учествуваа и другите лидери од земјите на Западен Балкан.