Loading Video...
Спорт плус
11. February 2021 - 19:51

СП: Златни медали за Гут и Крихмајр

Прв златен медал на Лара Гут Бехрами на светските првенства. Швајцарката триумфираше на трката во супер велеслалом што се возеше во Кортина Дампецо. 
Со тоа Гут ја потврди одличната форма оваа сезона  и успеа да ги надмине Карин Зутер и Микаела Шифрин кои го освоија сребрениот односно брозениот медал. 
На машката трка исто така историски резултат за Винсент Крихмајр кој како и Гут стигна до најголемиот успех во кариерата освојувајќи го златниот медал во супервелеслалом.
Со само 7 стотинки послабо време сребрениот медал го освои 35-годишниот Германец Ромед Бауман додека бронзата му припадна на Французинот Пинтуро.