Македонија
29. November 2021 - 14:58

Сопружници повредени во автобуската несреќа отпуштени од болницата во Софија

Маж и неговата сопруга, кои беа повредени во автобуската несреќа во Бугарија, денеска се отпуштени од Итната болница Пирогов во Софија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, досега пет македонски државјани се отпуштени од болницата Пирогов. На лекување остануваат уште двајца.

Во автобуската несреќа во Бугарија што се случи на автопатот Струма на 23 ноември загинаа 45 лица, а седуммина кои беа повредени, беа хоспитализирани во софиската болница.