Балкан
29. April 2016 - 13:53

Сопругот на Јелена го претепал татка си - Зошто се толку нервозни?

Попуштаат нервите на членовите на семејството Марјановиќ по убиството на пејачката Јелена. Засега членовите на семејството се осомничени, а изгледа и не можат да ги смират страстите еден кон друг.

Зоран Марјановиќ, сопругот на убиената ѕвезда на Гранд, збеснал и го нападнал својот татко, свекорот на Јелена, Владимир Марјановиќ. 

Како што пишува „Pink.rs“, последните денови ситуацијата во куќата на Марјановиќ е напната и има доста расправии. Ситуацијата кулминирала кога Зоран од засега непознати причини физички си го нападнал таткото.

За потсетување, Јелена беше пронајдена мртва пред 4 недели во Борча, кај насипот во Црвенка. Таа била брутално убиена со 30 удари од дрвена палка во главата.