Македонија
5. August 2020 - 15:13

СОНК: Наставниците сакаат да се вратат во училниците, но има многу отворени прашања

Наставниците сакаат да се вратат во училиниците. Од СОНК велат дека нема подобро решение од настава со физичко присуство, но останува отворено прашањето како да се изведе тоа во услови на пандемија, а да се заштитат и децата и наставниците. 

Синдикатот од неодамна е вклучен во подготовките за старт на школската година. Заедно со МОН и со Комисијата за заразни болести се на став дека во училиштата каде што има малку деца, школската година ќе почне со децата во училниците. Таму каде што има повеќе деца, наставата ќе се организира во смени. Но, најголем проблем се училиштата каде и сега заради големиот број ученици имаше сменско работење.

„Ние и сега имаме училишта каде наставата се дивива во три смени. Во овие училишта најверојатно наставата ќе продолжи он лајн“, вели Весна Неделковска, генерален секретар на СОНК.

 

Наташа Хаџиспиркоска Стефанова