Бизнис
19. October 2019 - 16:44

СОНК бара универзитетските професори да бидат исклучени од измените во Законот за пензионирање

Новиот предлог закон за пензионирање може да го остави без  научен кадар високото образование.

 Ако на овие работници  не им се овозможи да работат  и по навршувањето на годините за пензионирање од една страна тие во пензија ќе заминат со пониски примања , а од друга високото образование ќе загуби солиден кадар за работа. Затоа од СОНК сметаат  дека знаењето и искуството од овие работници треба да се користи додека е потребно.

Во средното и основното образование не би имало поголеми проблеми, велат од СОНК.   Поголем дел од вработените кога ќе дојдат во поодминати  години сакаат да заминат во пензија.

Од  синдикатот велат дека се залагаат  платите во образованието да растат за да може на местото на оние кој ќе заминат во пензија да дојде помлад кадар,  во спротивно тие ќе заминат , а секторот ќе се соочи со недостаток на работници.

Со новите услови за пензионирање се предвидува да не може да се продолжи со работа до  67 години. Но точно кој задолжително ќе оди во пензија сеуште не е утврдено.

Предлог законот е во работна верзија. Иако од Владата посочија дека условите ќе важат за сите – и  за бизнис секторот  и за администрација, најверојатно во приватните фирми ќе се остави простор работникот и работодавецот да се договорат ако има потреба тој да остане.

Сегашниот закон предвидува дека работникот со писемна изјава може да побара да продолжи со работа  најмногу до 67 години, а работодавецот да го продолжи договорот за вработување.