Македонија
9. October 2016 - 8:26

Сончево време со умерена облачност

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и во ноќните часови ќе има и врнежи од дожд.

Температурата ќе се движи од 13 до 24 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и во ноќните часови ќе има и врнежи од дожд.

Температурата ќе достигне до 19 степени.

Во текот на следната работна недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои се очекува да бидат пообилни во понеделник и во вторник. Ќе има и услови за ретка појава на грмежи, особено во вторник.