Македонија
15. July 2020 - 8:04

Сончево со мала до умерена облачност

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне со локална појава на краткотраен пороен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, а во западните делови од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степени. УВ=9

Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.

Во следните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и постепен пораст на дневната температура. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд. Во петок кон крајот на денот и за време на викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.