Македонија
5. јуни 2020 - 8:20

Сончево со мала до умерена облачност

Претпладне сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, претежно во западните делови.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната од 22 до 29 степени. УВ=7

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе биде околу 10, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Во сабота ќе биде променливо облачно, на места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Потоа во следните денови претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.