Македонија
19. February 2020 - 8:07

Сончево со мала до умерена облачност

Времето во Република Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, од попладне облачноста ќе се зголемува.

Утринската температура ќе се движи од минус 1 до 5, а дневната од 7 до 16 степени.

Во Скопје, од попладне облачноста ќе се зголемува..  Утринската температура ќе се спушти до 2, а дневната ќе достигне до 13 степени.

Во текот на ноќта и во четврток ќе има врнежи од дожд, на планините од снег. Врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне. Потоа во следните денови ќе преовладува стабилно време, а пораст на дневната температура се очекува од недела.