Сончево со локална облачност, слаб снег во западните и северните делови
Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Кон крајот на денот, во западните делови облачноста ќе се зголемува, а во текот на ноќта се најавуваат локални врнежи од снег. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер претежно од западен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од -10 до -2, а максималните од 4 до 10 степени.
Во Скопје ќе преовладува сончево време, попладне со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Во текот на ноќта ќе има врнежи од снег. Минималните температура ќе се спуштат до -6, а максималните ќе достигнат до 6 степени.
Врнежите ќе продолжат и во петок низ целата територија на државата. Пообилни врнежи ќе има во западните делови каде ќе се формира снежна покривка. Помала снежна покривка ќе се формира и во останатите делови, освен во долниот тек на Повардарието. Заради ниските температури, ќе има појава на голомразица. Ќе дува засилен северен ветер. Во следните денови ќе се задржи променливо облачно, студено и ветровито време со повремен локален снег. Дневните температури на повеќе места ќе бидат под нулата.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација