Македонија
25. January 2021 - 8:20

Сончево и релативно топло време, а во вечерните часови дожд и снег

На места утрово има повремени врнежи од дожд, особено во западните и источните делови. Во текот на денот ќе преовладува сончево и релативно топло време со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец.

Кон крајот на денот повторно ќе има врнежи од дожд, на планините од снег, пообилни во западните делови.  Поради продор на студена воздушна маса во текот на ноќта врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.