Македонија
16. јуни 2021 - 8:13

Сончево и потопло

 Времето во земјава денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 6 до 15, а максималната ќе достигне од 22 до 31 степен.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе достигне до 28 степени.

Во следните денови во попладневните часови ќе има појава на локална нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи, особено во планинските региони. Температурите ќе бидат во постепен пораст.