Фудбал
10. July 2020 - 10:30

Солскјер и Јунајтед со нов рекорд

Не толку одамна, Манчестер Јунајтед беше на „работ“ и беше прашање на денови кога клубот целосно ќе се распадне.

Заминувањето на Сер Алекс Фергусон остави огромна дупка, тренери се менуваа, но никој не успеа да постигне баланс.

Се чинеше дека слична судбина го очекува и Оле Гунар Солскјер, но…

Норвежанецот, кој е фудбалска легенда на клубот, на пат е да го постигне тоа и како менаџер.

По почетниот период на адаптација и создавање на сопствената филозофија, се чини дека Солскјер успеа да го најде вистинскиот рецепт.

Од почетокот на календарската година, Јунајтед е еден од најдобрите тимови во Европа, а сезоната ја завршува во одличен стил.
 
Неодамнешните игри го вклучија Солскјер во редовите на елитните тренери, бидејќи тој стана првиот менаџер во историјата на Премиер лигата кој остварил четири победи во низа со разлика од повеќе од три гола.

До крајот на сезоната остануваат уште четири кола, Јунајтед е петти на табелата со 58 бода и има шанса да се бори за место кое води во Лигата на шампионите.