Кошарка
10. January 2021 - 20:06

Солидно издание на Димитријевиќ и Јакимовски

Шпанскиот Хувентуд го доживеа и третиот пораз во серија во Ендеса лигата откако ја испушти фаворитската улога и загуби на гостувањето кај  Гран Канарија со 96-85.
И покрај поразот солидна партија во редовите на Хувентуд оствари Ненад Димитријевиќ кој блесна во третата четвртина и мечот го заврши со 10 поени и две асистенции. 
 
Големата надеж на македонската кошарка Андреј Јакимовски кој игра во САД, на мечот со Стенфорд блесна со рекордни за него 19 поени и беше прогласен за играч на натпреварот кој за жал неговиот тим Вашингтон го загуби со 75-60. 
Јакимовски е дел од НЦАА лигата и на овој натпревар доби солидна минутажа во која реализира 5 тројки од девет обиди.