Македонија
24. September 2021 - 16:43

Сојузот на средношколци иницира промени во организацијата за поголема вклученост на младите

Потребно е да се мотивираат младите за да имаме просперитетна државата-ова е заклучокот од денешната панел дискусија на тема Какви новини се потребни во средношколското организирање?

Според учесниците, идните лидери кои ќе носат важни општестевни одлуки, треба да се градат уште во средношколските денови.

Од Сојузот на средношколци сметаат дека тоа може да се постигне преку реорганизација на ученичките тела, што на ученциите ќе им овозможи поактивно учество во носењето одлуки во училиште, кои ќе им користи и коа ќе излезат од училиште клупи.

Според училишните психолози еден од проблемите со кои се соочуваат ученичките заедници е што не уште не добиваат поддршка од наставниците.