Македонија
6. July 2015 - 16:26

Собраниската Комисија за контрола и надзор го усвои деловникот за работа

Пратениците  ќе проверуваат  дали евентуално има и  какви посебни мерки се применуваат периодов. Работното тело во најскоро време  ќе ги посети институциите за следење на комуникации за да се запознае со нивната работа.

Ова се дел од заклучоците усвоени со деловникот за надзор на ПИМ  кој го изгласаа членовите на првата седница.

Покрај претседателот на Собранието и на комисијата, седници ќе се одржуваат и на иницијатива на членовите.  Пратеничката Грчева не се согласи со составот во кој се одржа  првата седница. Според неа со отсуство на опозицијата ова работно тело може да работи  само формално.

Џафери побара да се утврди детално законската рамка за функционирањето на оваа комисија бидејќи според него деловникот ги има истите недоречености уште од претходниот состав.

Тој смета дека пратениците не се доволно технички подготвени за ваков вид надзор и контрола и побара да се предвиди можноста од вклучување на стручни лица експерти.

Ова е прва седница на комисијата за надзор над спроведувањето на ПИМ следење на комуникациите од МВР, финансиската полиција, одбраната и царината. Седницата ја свика спикерот Вељановски бидејќи опозицијата која треба да раководи со работното тело го бојкотира парламентот.