Македонија
24. September 2021 - 19:53

Собранието оди на пауза, анкетна комисија по избори

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од идејата Собранието итно да расправа за одговорноста за изгорената модуларна болница во која загинаа 14 лица. Лидерот Мицкоски потврди дека ќе биде доставено ново барање за Анкетна комисија во парламентот со новото уставно име за да нема процедурални пречки собранискиот спикер Џафери повторно до го врати предлогот.

Мицкоски вели дека нема законска пречка пратениците и Анекетната комисија да работат за време на неформалната пауза која парламентот ја почна денеска поради почетокот на изборниот процес. Се сомнева дека  власта одбегнува расправа за да ја сокрие вистината.

Во меѓувреме и од Левица застана зад инцијативата.

Апасиев ќе покрене инцијатива и во постојаната Анкетна комисија за човекови прави за надзорна расправа која ќе се однесува на пожарот во Тетово, но и дека премиерот Заев незаконски ја држи оставката на Филипче во фиока наместо да ја проследи до парламентот за да му биде констатирана.

Претходно, поддршка за анкетната комисија стигна и од албанската опозиција.

Од власта се уште се резервирани за ваквата анкетна комсија. Велат дека не може парламентот да расправа без исходот од истрагата.

„Анектната комсија може да работи врз осснова на аргументи. Парламентот не е ниту истражен орган, ниту обвинителство, ниту суд. Да ги почекаме резултатите од истрагата и тогаш ќе разговараме за фактите и аргументите во такво тело кое би се формирало. Во сериозна иснтитуција, како што е Собранието тоа така мора да се направи, а морбидниот начин на политизација на трагедијата во Тетово за ситни денвнополитички поени од страна на опозицијата нека го ценат граѓаните“, ни пиша координаторот на СДСМ Митревски.