Ракомет
28. September 2016 - 15:25

Собир на женската ракометна репрезентација на Македонија

Во рамките на подготовките за квалификациските дуели за Светското првенство 2017 што ќе се игра во Германија женската ракометна репрезентација на Македонија од неделата на ЕХФ ќе има собир.
Селекторот Симе Симевски за овие подготовки повика 20 ракометарки, а првиот тренинг е закажан за 3.октомври (понеделник).
На листата на повикани ракометарки се наоѓаат: Драгана Петковска, Матеа Серафимова, Љупка Белмазова, Јована Саздовска, Сара Митова, Наташа Нолевска, Сара Ристовска, Дајана Јовановска, Теодора Керамичиева, Андреа Белеска, Елена Ливриниќ, Симона Стојановска, Габриела Величковска, Ангела Тодоровска, Зорица Десподовска, Елена Ѓеоргијевска, Марија Николиќ, Ивана Гакидова, Стефанија Мишевска и Сања Дабевска.
Првиот собир ќе се одржи во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ во 11 часот.