-->
-->
Со закон се уредува управувањето на електрични тротинети, се укинуваат негативните поени за возачите
-->
Комисијата за одбрана и безбедност денеска за понатамошно читање предложи измени и дополнувања на 14 закони, кои генерално како што појасни министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се усогласувања со законот за прекршоци освен кај измените на законот за безбедност во сообраќајот.
Со Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, како што кажа Спасовски се предвидува укинување на негативните поени за возачите, бидејќи се увидело дека тоа не биле ефикасно за подобрување на безбедноста во сообраќајот. Се уредува и управувањето со тротинети во сообраќајот, што според министерот за внатрешни работи, ќе биде на ниво на велосипеди.
– Тука апсолутна немаше никаква регулација, каде да се движат, кој правила треба да ги исполнуваат. И тука ги имаме дефинирано услови за нивното учество во сообраќајот, каде може да се движат, брзината, возраста на лицето кое управува со нив, користење на заштитна опрема, употребата на светла…Практично тоа е на ниво на велосипеди, информираше Спасовски.
Исто така се предлага и зголемување на возрасната граница за управување со автомобил од 70 на 75 години и рокот на важење на сообраќајната дозвола до пет години.
Во однос на глобите тие се намалуваат, како што кажа Спасовски, согласно законот за прекршоци. Во однос на правните лица, сумата ќе биде во зависност од големината на компанијата или трговците.
Пратениците Фросина Ташевска Ременски и Самка Ибраимовски имаа свои забалешки за глобите.
Ременски смета дека не секогаш намалувањето на глобите за прекршоци во сферата на заштитата на човековите права, здравјето и безбедноста на граѓаните е добра политика.
– Секако казнената политика особено во делот на глобите се мака на граѓаните имајќи ги предвид дека и ние како политичари сме ги критикувале високите глоби, но треба да се земе предвид фактот дека високите глоби во сферата на безбедноста, тргувањето до опасни материи, во сферата на оружјето, на следењето на комуникации и во сферата на безбедноста во сообраќајот ги дала резултатите затоа што најчесто токму тие високи глоби била закана, предупредување за граѓаните како допир со таа материја, какви санкции им следуваат и каква глоба следува доколку сторат прекршоци, рече Ременски
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово