Loading Video...
Спорт плус
8. November 2020 - 16:14
Со прва победа сезонава Жоан Мир на чекор до шампионската титула
Шпанецот Жоан Мир е победник на денешната трка за Големата награда на Европа во Мото ГП шампионатот.
Возачот на Сузики со својата прва победа сезонава е многу блиску и до освојување на шампионската титулата.
Мир целната рамнина па патеката крај Валенсија ја мина прв пред тимскиот колега Алекс Ринс, а за место на пиедесталот се избори и Пол Еспаргаро на КТМ кој ја имаше пол-позицијата на стартот на трката.
На две трки пред крајот на шампионатот, лидерот во генералниот пласман Жоан Мир сега има 162 бодови, 37 повеќе од конкурентите, тимски колега Алекс Ринс, и Фабио Квартараро од Јамаха кој денеска заврши дури на 14-тото место и освои само два бода.
Следната трка повторно ќе се вози во Валенсија и тоа за седум дена.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->