Кошарка
15. August 2017 - 22:40

Со пресврт до триумф над Луксембург

Кадетската кошаркарска репрезентација на Македонија (играчи до 16 години) вечерва ја постигнаа втората победа во групата Д на Европското првенство Б дивизија што се игра во Софија. Македонија до триумфот од 75:71 (18:19; 15:26; 17:15 и 25:11) стигна со прсеврт откако противникот водеше со 42:22 во вториот период.
Најефикасни во македонската репрезентација беа: Дарио Митевски со 20 поени и Лука Наумовски со 19.
Со вториот триумф во групата нашата репрезентација го освои четвртото место. Прва е Велика Британија со 10 бодови, пред Грузија 9, Португалија 8, Македонија 7, Косово 6, Луксембург 5.
Утре на шампионатот е слободен ден, а Македонија во четврток во натпревар за пласман од 9-16 место ќе игра против Босна и Херцеговина.