Loading Video...
Спорт плус
24. May 2021 - 1:44

Со пораз од Данска македонските одбојкари го завршија првиот круг во Сребрената лига

 
Две победи и еден пораз е биланост на најдобрата машка одбојкарска репрезентација на Македонија на првиот турнир во Европската Сребрена лига. 
 
По победите над Кипат (3-0) и Израел (3-1), нашата најдобра одбојкарска репрезентација е поразена со максимални 3:0 во сетови од селекцијата на Данска. 
 
Во првиот сет Данците ни препуштија 21, а во вториот 23 поени, додека во третиот сет иако имавме шанса да го освоиме при водство од 24:23, сепак гостите се извлекоа и направија пресврт, па со три поени во низа го добија сетот со 26:24, за конечни 3-0 во сетови.
 
Со тоа Данците го забршија првиот турнир од А групата со максимални три победи и 8 освоени бодови, пред Македонија со две победи и 6 бода, односно Израел кој собра 3, а Кипар освои само еден бод. 
 
Четирите селекции сега се селат во Шлагелсе, Данска, каде од 28 до 30 мај ќе се одигра вториот турнир. 
 
Во групата Б, селекцијата на Унгарија оствари три победи, Хрватска две, додека Австрија очекувано беше подобра од Луксембург во дуелот за третата позиција. 
 
Без разлика на конечниот пласман, репрезентацијата на Македонија сепак ќе игра на завршниот Фајнал-фор турнир, бидејќи истиот ќе се одржи во нашата земја и тоа  на 5 и 6 јуни.