Македонија
20. March 2023 - 16:32

Со над 4000 амандмани опозицијата го блокираше зголемувањето на платите на судиите и обвинителите

Со над четири илјади амандмани опозицијата ги блокирa законите од областа на правосудството со кои власта сакаше да им ја покачи платата на судиите, обвинителите и членовите на судскиот и на обвинителскиот совет. Од ВМРО-ДПМНЕ поднеле 2100 амандамни на четири закони со образоложение дека во време на инфлација и катастрофална доверба во судството недозволиво е Владата да предлага покачување на плати во овој сектор.

Илјадници амандмани поднеле и од Левица.

 „Стоиме на ставот дека сè додека не се воведат суштински реформи во правосудството, кое ќе ги опфати проблемите кои се наталожени (на пример: трајниот мандат на судиите, нивната неоговорност за штета нанесена на странките, контоверзниот начин на избор во Академијата за судии и јавни обвинители, системот на кариерен развој во повисоки судови и сл.) – нема да дозволиме зголемување на бенефициите на оваа лесно расиплива сорта на луѓе, кои се приврзоци на секој неправеден систем“, велат од партијата на Апасиев.

За власта блокадите не се решение. Очекуваат ВМРО-ДПМНЕ да биде, како што велат, ветер во грб на власта за законите кои се реформски и ја одближуваат државата до ЕУ.

Четирите закони поврзани со платите во правосудството  треба да се донесат со 2/3 мнозинство. Судиите и обвинителите во Макледонија согласно коефицинетите и надоместоците сега земаат од 56.000 до 100.000 денари плата. Со измените нивните плати треба да се покачат од 10 до 17 илјади денари.