Loading Video...
Спорт плус
1. August 2021 - 15:39

Со личен рекорд Стојоски до 38-мо место на 400 метри

На деветиот натпреврувачки ден на ЛОИ во Токио го бележиме настапот на настапи македонскиот атлетичар Јован Стојаноски 
 
Стојоски настапи во квалификациите на 400 метри и тоа во четвртата квалификациска група, во која истрча време од 46.81 секунда што е за една стотинка подобро од неговото најдобро време.
 
Охриѓанецот кој беше претпоследен во својата група, на крајот заврши како 38.мо рангиран од вкупно 48 атлетичари.
 
До крајот на олимпијадата од македонските спортисти ќе настапат уште двајца и тоа каратистката Пулексенија Јованоска која се натпреварува во кати ќе излезе на татамите на (05 август – четврток, 03:00 часот)ж
 
Ден подоцна (06.август – петок) борачот Магомедгаџи Нуров (97кг) ќе го започне својот настап во обид на Македонија да и го донесе вториот медал од оваа олимпијада, откако Дејан Ѓеорѓиевски во таеквондо освои сребро