Македонија
22. May 2022 - 12:34

Со „фолксфаген артеон“ удрил во 78-годишен велосипедист

Со „фолксфаген артеон“ удрил во 78-годишен велосипедист кој заврши во болница.

- На 21.05.2022 година во 10.50  часот на крстосницата од  бул. Туристичка со ул. Аџи Мустафа во Охрид патничко моторно возило „фолксфаген артеон“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ј.К.(42) од Охрид, удрило во велосипедист Х.А.(78) од Охрид. Со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот Х.А. кој е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош, соопшти МВР.

За настанот е известен јавен обвинител а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.