Loading Video...
Фудбал
4. August 2020 - 18:32

Со четири натпревари утре се рестартува сезоната во европските фудбалски купови

Европските фудбалски купови продолжуваат и тоа веќе утре и задутре на програмата се дуелите од Лига Европа, по кои ќе бидат познати осумте екипи кои ќе играат во завршницата во Германија. 
 
Само чудо може да го оддалечи Манчестер Јунајтед од четвртфиналето, тим кој во реванш дуелот против ЛАСК има убедливи 5-0 од првиот меч на гостински терен. 
 
Во слична ситуација е и Базел кој со 3-0 славеше во Франкфурт, како и Баер Леверкузен кој на првиот дуел во Глазгов ги победи Ренџерси со 3-1. 
 
Предност на домашен терен и гол повеќе од противникот ќе има и Шахтјор кој во првиот дуел го победи Волфсбург, а единствено од гостите турскиот Истанбул Басакшехир ќе патува со предност на гостински терен и тоа кај Копенхаген кој го совлада со 1-0. 
 
Вулверхемптон и Олимпијакос ќе стартуваат со 1-1 од мечот одигран во атина, додека шпанско-италијанските пресметки што ќе се играат на неутрален терен во Германија, меѓу Интер и Гетафе, како и Рома и Севиља, по само еден одигран дуел ќе ги дадат патниците во четвртфиналето. 
 
Ждрепка за 1/4 финале
Шахтјор Доњецк / Волфсбург (2-1)                        – Базел / Ајнтрахт Франкфурт (3-0)
Манчестер Јунајтед / ЛАСК (5-0)                           – Копенхаген / Истанбул Басакшехир (0-1)
Интер / Гетафе (се игра само еден натпревар)   – Баер Леверкузен / Глазгов Ренџерс (3-1)
Вулверхемптон / Олимпијакос (1-1)                      – Рома / Севиља (се игра само еден натпревар)