Бизнис
20. January 2022 - 16:37

Со буџетот на општина Аеродром предвидени пари за големи и капитални проекти

Со буџет од скоро 12 милиони евра градоначалникот на Аеродром ветува низа проекти и капитални инвестиции. Овогодинешниот буџет го смета за реален и развоен, а меѓу приоритетите се изградба на три нови градинки во Стар Аеродром, Мичурин и Долно Лисиче, реконструкција на постојните градинки, како и реновирање на сите основни училишта во општината.

Дел од клучните проекти се воспоставување зонско паркирање во цел Аеродром, поставување вендинг машини за селекција на отпад, како и изградба на мега парк од 100.000 м2. Пари има и за значајни капитални инвестиции.

Градоначалникот ветува низа поволности за жителите на Аеродром. Родителите нема веќе да имаат дополнителни трошоци за во градинка, општината ќе дава еднократна финансиска помош од 8.000 денари за секое новороденче, 3.000 денари за секое прваче, а ќе обезбеди и бесплатно пливање за првачињата од следната учебна година.