Со акција за хортикултурно уредување се одбележуваат 27 години од работењето на Царинската управа
По повод 27 години од своето работење, денеска на граничниот премин Делчево, Царинската управа реализираше акција за хортикултурно уредување на самиот преминот.
Акцијата, како што информираше раководителот на Царинската управа, Игор Спасовски, беше сеопфатна со вклученост на вработени во царинската управа од соседна Р. Бугарија.
– Одлучивме овој јубилеј да го прославиме со акција за хортикултурно уредување, како и расчистување на пределот околу самиот граничен премин Делчево. Во оваа акција земаа учество сите царински службеници од царинарница Штип, а на нашиот повик се одзваа и припадниците на Гранична полиција, локалната самоуправа на општина Делчево и колеги од бугарската царинска служба, информираше Спасовски.
Царинската управа е составена од повеќе организациони единици. Во нејзин состав, додаде Спасовски ,влегуваат Царинска испостава Велес, Царинска испостава Штип, службата за надзорно и материјално одобрение од Штип, како и царинска испостава Делчево , што е на самиот граничен премин Делчево.
Одбележувањето на јубилејот продолжи со спортски активности на кои учество зедоа екипа на царинарница Штип, екипа на гранична полиција Делчево, локалната самоуправа и екипа на царинската служба од Бугарија.
Ново на Сител
-
Груби ги демантираше наводите за неговата поврзаност со палењето на македонско знаме, побара јавно извинување
-
Највисока снежна покривка од 68 см во Маврови Анови, најмногу дожд во Крушево
-
Русија со дронови ги нападна Киев и Херсон
-
Вучиќ: Имаме информации кој го извршил нападот, ова е вистинска хибридна војна против Србија
-
Протест во Нови Сад по еден месец од трагедијата на железничката станица
-
Една нерегистрирана училишна кујна, оштетени работните површини во четири училишни кујни
-
Девојки од Бразил се проституирале во Џевахир за 150 до 800 евра
-
Триесетина села во Пелагонија без струја