Македонија
17. August 2017 - 19:43

Со 64 гласа за, собранието го разреши републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски

Разрешен е јавниот обивнитерл Зврлевски. За негово змаинување гласаа пратениците од владејачкотот мноизинство на СДСМ, дуи и помалите партии. Во салата, како што најавија уште вчера, не присуствуваа пратеницит еод колаицијата на ВМРО-ДПМНЕ. 

***Зврлевски денеска беше разрешен без ниту еден збор во собраниската сала бидејќи расправата по оваа точка беше затворена уште синоќа кога опозциската ВМРО-ДПМНЕ ја напушти седницата поради за нив незкаонската процедура во која се спроведуваше постапката за разрешување

***Пред неговото разрешување, во процедурална забелешка бидејќи расправата по оваа точка беше затворена уште синоќа, координаторот на СДСМ Томислав Тунтев рече Ч:::::::::::::Зврлевски се разрешуваше во долга и мачна расправа во парламентот која започна пред месец и половина, а која на интензитет доби последниве 12 дена кога во Собрнаието практично говореа само народните избраници на ВМРО-ДПМНЕ , додека власта чекаше само да се исрцпи долгата листа на говорници. Главниот аргумент на опозцијата изминативе две недели беше дека разрешувањето во парламентот е незаконско бидејќи јавниот обжвинител се разрешува по распишувањето на локалните избори што според нив, Изборниот законик не го дозволува.

Како доказ на нивните наводи од вчера тие го имаат и Мислењето на Антикорупциската комисија која се изјасни дека парламентот не може да именува и разрешува државни функцинери во предизборието и дека таквото разрешување би било сметано за незаконско.

За власта и за Талат Џасфери ваквото мислење не е валидно. Тие сметаат дека автентиќно толкување на законите може да дава само Собранието и толкуваат дека Изборниот законик не го споменува парламентот како институција која не треба да прави кадровски смени во периодот од рапсишување на избори до нивно спроведување.

Зврлевски беше првиот функционер кого владата на Зоран Заев реши да го отповика. Во првите премиерски изјави Заев го повика јавниот обвинител да си поднесе самиот оставка, во спротивно постапката за неговор разршување најави дека ќе ја отпочне Владата. Што и се случи во текот на јули, кога зелено светло за негово змаинување даде и Советот на јавните обвинители. Во образложението на владта беше наведено дека Зврлевски  незаконско и ненавремено ја извршувал функцијата

За  Државен јавен обвинител е избран во јануари 2013 година, од Собранието на Република Македонија. Мандатот е со времетраење од шест години.

На оваа функција доаѓа од позиција на претседател на Вишото јавно обвинителство-Скопје.

. Премиерот Заев порача дека реформите се приоритет на новата влада, а еден од симболите за узурпирана правна држава е Марко Зврлевски. Заев најави и реизбор на судиите следејки ја европската пракса и очекува дека никој барем јавно нема да се спротистави на градење на независно правосудство.

Зврлевски пред оваа функција во јавноста беше познат и по аферата „Големотот уво“ од 2000-тата година.