Македонија
1. April 2020 - 17:19

Снегот негативно ќе влијае врз овошките, земјоделците очекуваат штети од временските услови

Пролетниот снег и променливото време може негативно да се одрази врз поголем дел од земјоделските култури. Според експертите,  со зимските услови кои не се вообичаени за овој период од годината најпогодени ќе бидат овошните насади.

,,Сето тоа нај негативно ќе се одрази на оние цветни видови, па дури и на потерувањето на други култури во земјоделското производство. Значи,  тоа време во никој случај не е поволно и последиците останува да ги видиме после овој ладен бран кој го очекуваме во текот на утрешниот ден, нешто што секако не загрижува нас земјоделските стручњаци.,, вели д-р РИСТО ВУЧКОВ – ЕКСПЕРТ ЗА  ЗАШТИТА НА РАСТЕНИЈАТА

Според доктор Ристо Вучков,  целото производство, посебно овошните насади во голема мерка  ќе зависат  од тоа какви ќе бидат вечерните и утринските температури. Доколку паднат под  шест степени под нулата штетите се неминовни.

,, Се е сведено на тоа која ќе биде должината на таа ниска температура во текот на утрешниот ден или ноќта утрешна, нешто од што ќе зависи дали ќе имаме мрзнење.,, вели др ВУЧКОВ

И додека за едни култури студенто време е штетно,  за други е добредојдено. Врнежите од снег со кои беше зафатен поголемиот дел од државата според експертите позитивно ќе влијаат врз  житните култури.