Македонија
27. November 2015 - 18:29

Снегот ги израдува најмладите

И скопјани го добија првиот снег, на врвот на Водно снежна покривка од 20цм го наполни планинарскиот дом со посетители.

Луѓе од сите возрасти, скопјани и странци Водно денеска беше атракција за сите. Снежна зимска идила над метежот во градот. Врнежите и пониските температури уште од утрината  формираа бела  покривка на врвот. Дел од граѓаните кои денеска немаа работни обврски решија  да ги израдуваат децата. 

Снежната покривка не ги остави рамнодушни ниту возрасните. Редици на средно водно чекаа за да се качат со жичницата на топол чај и чист воздух кај милениумскиот  крст.

Оџакот на планинарскиот дом работеше под полна пареа. Група планинари од Србија и Црна Гора, туристи од Италија и скопјани се грееја со планински чај. Воодушевени од градот но и природната убавина која ја имаат скопјани во непосредна близина. Некои од нив за прв пат се овде и велат снегот само им го зголемил  впечатокот.  

Врнежите од снег ќе продолжат и утре но само на планините од западниот регион. Температурите ќе паднат најмногу до минус  4. Стабилно и суво ќе биде од недела а синоптичарите најавуваат и постепено зголемување на температурата.