Македонија
26. January 2021 - 19:59

Сметководителите на протест пред Владата бараат одложување на роковите за финансиските извештаи

Сметковидителите излегоа на протест пред Владата. Велат, на ваков чекор се одлучиле зашто државата нема слух за нивните проблеми. На барањата кои  ги доставиле уште минатата недела се уште нема никаков одговор. Велат, наместо денеска да се во канцеларија и да работат, принудени се од улица да бараат решение за проблемите.   

-Оттаму нема никаков контакт очигледно е дека не сме доволно битни што е многу жално и што сме денеска овде, а не на работа за да ги исплниме  нашите работни задачи, немас слух, нема ништо такво, вели Биљана Киселички, овластен сметководител.

Бараат пролонгирање на роковите за доставување на финансиските извештаи  за 30 дена, како што тоа го направиле соседните држави. Велат, тие се прекратки, многу колеги се во изолација, а казните за неподнесување на завршни сметки се огромни.

УЈП го  продлжи рокот за доставување на ДДВ пријави за 4 дена односно до 29 јануари. Според сметководителите, продолжувањето е  поради проблеми со системот од преоптовареност.

Роковите долги години се проблем за сметководителите,  но годинава со пандемијата нивната работа дополнтиелно е усложена.