Loading Video...
Свет
19. October 2020 - 16:53

Словенија прогласи епидемија, Европа воведува рестрикции

Корона вирусот продолжува  да се шири во Европа и на Балканот а земјите се обидуваат да се заштитат со воведување построги мерки. Во Словенија повторно е прогласена состојба на епидемија и ќе трае 30 дена. Целта како што изјави премиерот е поефикасно дејствување за да се спречи ширењето на вирусот. Од утре во земјата ќе важи и полициски час од 21 до 6 часот наутро како и забрната за собирање на повеќе од 6 лица, наместо досегашните 10. Oд денеска стартува и полицискиот час за уште пет црногорски градови со времетраење од 22 до 5 наутро. Во тие градови се затворени и угостителските објекти, училиштата и градинките. Засилени рестриктивни мерки објави Италија, која е меѓу европските земји најсилно погодени со вирусот. Градоначалниците добија овластување да ги затворат јавните места по 21 часот, а ќе има ограничување и на бројот на луѓе во групи.

Мораме да реагираме со спроведување на сите неопходни мерки за да се избегне ново целосно затворање. Земјата не може да дозовли да запре уште еднаш, што сериозно ќе ја загрози целокупната економија, порача италијанскиот премиер.

Од денеска во Белгија баровите и рестораните се затвораат на еден месец, а воведен е и полициски час од полноќ до 5 часот, кој исто така ќе трае еден месец.

Доколку продолжат лошите бројки на новозаразени и починати од ковид, Владата на Чешка истакна дека разсмилува да воведе целосен карантин. Во таа земја веќе се затворени ноќните клубови и ресторани, спортски и фитнес центри, театри и кино сали, училиштата имаат онлајн настава, но продавниците се уште се отворени. Построгите мерки не им се допаднаа на Чесите, кои изглегоа на протести во Прага.

Гледате што се случува, се е затворено, луѓето немаат работа, немаат пари.

Дополнителни ограничувачки мерки против ширењето на заразата изминатите денови воведоа и властите во Франција, Швајцарија, Германија ,Шпанија, Британија. Расте бројот на позитивни случаи и во САД. Бројот на потврдени случаи на Ковид-19 низ целиот свет надмина 40 милиони. Американската фармацевтска компанија Фајзер објави видео дека веќе има произведено стотитици илајди дози на вакцина за ковид 19 иако се уште нема одобрение дека вакцината  е безбедна и ефективна. Компанијата соопшти дека ако се оди според планот ќе побара одобрение од американските власти до крајот на ноември.