Loading Video...
Балкан
26. May 2021 - 16:42

Словенија планира да го врати проширувањето со земјите од Западен Балкан на агендата на ЕУ

Словенија планира да  го врати проширувањето со земјите од Западен Балкан на агендата на ЕУ за време на шестмесечното претседавање кое започнува во јули. Премиерот Јанша  очекува напредок во октомври кога ке се одржи самит со лидерите од регионот.

Јанша не сакаше директно да одговори во врска со нон–пејперот за менување на границите на Блаканот, но потенцираше дека европската перспектива единствен одговор за регионот.

Приоритет на словенечкото претседавање ќе биде и пандемијата, конеференцијата за Иднината на Европа, а словеченчкиот премиер на пресот со првиот човек на Европскиот парламент Сасоли истакан дека го поддржува влегувањето на Хрватска, Романија и Бугарија во шенген зоната.