Македонија
22. October 2016 - 11:41

Следната недела почнува зимското сметање на времето

Зимското сметање на времето оваа година ќе почна на 30 октомври, во 3 часот по полноќ кога стрелките на часовникот ќе се вратат еден час назад. Иако денот се уште трае до 19 часот, како што доаѓа зимата, се порано се стемнува, а зимското сметање на времето дополнитено ќе придонесе за тоа. 
 
Со тоа ќе спиеме еден час подолго. Не заборавајте да ги поместите стрелките на часовникот наредниот викенд.